ОДРЖАНО 2 КОЛО ОД РАБОТНИЧКИТЕ СПОРТСКИ ИГРИ

ОДРЖАНО 2 КОЛО ОД РАБОТНИЧКИТЕ СПОРТСКИ ИГРИ
март 10 22:49 2022

Пред огромен број публика во салата „Македонски бранители“ во Берово, се одржа 2 коло од Работничките спортски игри во мал фудбал кои ги организира Општина Берово.Присутните во салата имаа можност да гледаат прекрасен фудбал и одлични голови, со што се потврдува потребата од вакви спортски настани, кои во последните две години поради ситуацијата со Ковид, беа прекинати.

Општина Берово ги организира „Работнички спортски игри“ во мал фудбал, традиционално десетта година по ред со цел, спортување, оттргнување од секојдневните обврски и подобрување на соработката помеѓу институциите.

Еве ги резултатите од денешното 2 коло:

17:00 ч. Национални шуми и Пилани – Приватни Фирми 1:0

17:30 ч. Фагус – Труд и Социјала 3:1

18:00 ч. Образование – АРСМ -Гарнизон Штип 0:0

18:30 ч. Општина Берово – ЈПКР 6:0

19:00 ч.Угостители и Обложувалници – МВР Полиција 1:3

19:30 ч. Беровски Роми – Гранична Полиција 0:4

Следното трето коло ќе се одржи во Понеделник на 14.3.2022 со почеток од 17 часот.

  Категории: