По повод Светскиот ден на дијабетисот, 14 ноември , во рамки на активностите за подигање на свеста кај луѓето за дијабетесот, во организација на Општина Берово, вчера, во Бизнис инкубаторот во Берово, се одржа едукативна граѓанска трибина на тема ,,Дијабет и исхрана”.
Пред преполната сала граѓани, за улогата на исхраната во превенција и лекување на дијабет,типови и симптоми , зборуваше д-р Јагода Шахпаска- специјалист по интерна медицина, која што ја истакна потребата од правилната исхрана, како еден од поважните фактори, за добро регулиран дијабетес.
За своето искуство со оваа состојба, имавме можност да слушнеме, од нашиот млад сограѓанин Андреј Зелнички, кој ни кажа какви типови на дијабет постојат и како полесно да се справиме со дијабетот.
Трибината беше од отворен карактер, при што граѓаните имаа можност, дирекно да добијат одговори на нивните прашања и отворено да разговараат со докторката, за предизвиците со кои се справуваат, за начинот на исхрана и начинот на живот.