ОДРЖАНА СРЕДБА СО ГРАЃАНИТЕ ЗА ИЗРАБОТКА НА ДУП ВО ТУРИСТИЧКАТА НАСЕЛБА “АБЛАНИЦА”

ОДРЖАНА СРЕДБА СО ГРАЃАНИТЕ ЗА ИЗРАБОТКА НА ДУП ВО ТУРИСТИЧКАТА НАСЕЛБА “АБЛАНИЦА”
декември 24 20:54 2022

Во просториите на општина Берово, вчера беше одржана средба со заинтересирани граѓани, во врска со запознавање на жителите, за можноста за изработка на Детален урбанистички план, за туристичката населба Абланица.

Донесен е заклучок:

  • да се утврди динамиката за отпочнување на постапка за урбанизација на туристичка населба Абланица,
    -да се утврдат приоритети од комунална инфраструктура ( канализација и водоснабдување) , за уредување на населбата и
  • да се разгледаат можностите за изградба на пат, Берово- Црвен Брег- Абланица.

Договорено е до 28.02.2023 година, од страна на сопствениците на имот, да се изврши увид, во Одделението за урбанизам, со цел да се утврди опфатот на планот.

Продолжуваме со проширување на урбанистичкиот опфат и подобрување на животот на сите граѓани.

  Категории: