ОДБЕЛАЖАН МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА СТАРИ ЛИЦА

ОДБЕЛАЖАН МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА СТАРИ ЛИЦА
октомври 03 12:01 2022

По повод Меѓународниот ден на стари лица вчера градоначалникот Пекевски ги посети корисниците на услуги во ОЈУСЗСЛ д-р. Иван Влашки и им подели пригодни подароци.

Посакувајќи им добро здравје и меѓусебно разбирање и убаво поминати денови во можностите што ги нуди установата, Пекевски рече дека општината посветено работи на подобрување на условите и проширување на капацитетите на оваа установа.

-Посветено работиме за поубави услови за старите лица, за подобрување на условите за живот како од социјален и здравствен така и од културно забавен аспект и постојано аплицираме на сите повици за проширување на капацитетите на оваа установа. Не само овој ден туку и секој ден да им дадеме на постарите лица доволно љубов и грижа да почувствуваат дека не само што не се заборавени туку некој навистина се грижи за нив, со сите расположливи ресурси, зошто тие знаат да го препознаат вистинското внимание и затоа што навистина им значи многу – истакна градоначалникот Пекевски.

Инаку Меѓународниот ден на старите лица е востановен во 1990 година од страна на Генералното собрание на Обединетите нации.

  Категории: