ОВР Берово, во соработка со Општина Берово, денеска во Берово, организираа едукативна кампањата за превенција од употреба на пиротехнички средства.
Поделени се флаери со едукативна содржина за забрана на употреба на пиротехнички средства и можните последици кои можат да настанат од нивна употреба.
Целта на кампањата е превентивно делување на свеста на граѓаните, особено околу новогодишните празници, да не употребуваат пиротехнички средства.
Од ОВР Берово, апелираат до сите граѓани, да се воздржат од каква било употреба на петарди и други пиротехнички средства, при прославувањето на престојните празниците, не само поради предвидените законски санкции, туку и поради опасностите, што ги носи употребата на овие средства, по безбедноста, здравјето и животот на граѓаните.