На вчерашната седницата на Влада на Рeпублика Македонија,на предлог на Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, усвоена e информацијата за повеќегодишната јавна набавка за Финансирање на активностите за реконструкција на филтер станицата за вода за пиење во Берово.
Филтер станицата, за производство на вода за пиење во Берово, е изградена во 1984 година, но техничката опрема е застарена и на истата и е неопходна реконструкција.
Проект е во согласност со Стратешкиот план на Министерството за животна средина и просторно планирање за 2020-2022 година во кој како приоритетни цели се поставени развивање на модерна и современа инсфраструктура – канализациони системи за квалитетно собирање и одведување на отпадни води, изградба на системи за прочистување и третман на отпадните води како и приклучување на сите корисници на комунална инфраструктура – водовод и канализација.
Проектот ќе се реализира во текот на три години (2022, 2023 и 2024 г), за што од Буџетот на МЖСПП ќе се финансираат активностите, преку повеќегодишна јавна набавка.