Нов асфалт добија улиците ,,Пиринска” и ,,Карпош”

Нов асфалт добија улиците ,,Пиринска” и ,,Карпош”
јули 12 18:31 2022

Во рамки на програмата за Локални улици и патишта за 2022 година, се решава долгогодишниот проблем на жителите на една од најстарите населби во Берово, при што асфалтирани се краци на улиците ,,Пиринска” и ,,Карпош”.

Градоначалникот Пекевски изврши увид во градежните активности, каде што не изостана благодарноста на жителите, кои после долги години ќе газат по асфалт.

Улиците ја задржуваат постоечката траса, со мало проширување, при што извршено е нивелирање и тампонирање, после што улиците се асфалтирани со асфалтен слој од 7 cm, широчина 2, 5 метри и 0,5 метри банкини.

Асфалтираниот крак на улица ,,Пиринска” е со должина од 150 метри , а на ул.,,Карпош”, со должина од 103 метри.

За реконструкција на ул.,,Карпош”, од Буџетот на Општина Берово, ќе бидат исплатени 447.330,00 денари а за ул.,,Пиринска”, ќе бидат потрошени 782.185,00 денари.

Изминатиот период асфалтирана беше и ул.,,Козара”, при што беровската стара населба на пределот околу ,,Јуовец”, добива целосно нов лик.

Реализацијата на проектите за изградба и реконструкција на улици, во урбаниот и руралниот дел на општина Берово, се одвива согласно предвидената програма, а во насока на обезбедување подобра инфраструктура за сите граѓани.

  Категории: