НОВА ТРАГЕДИЈА ВО БЕРОВО: 21 ГОДИШНО МОМЧЕ ЗАГИНА ВО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА

НОВА ТРАГЕДИЈА ВО БЕРОВО: 21 ГОДИШНО МОМЧЕ ЗАГИНА ВО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА
ноември 06 21:58 2022

На 06.11.2022 во 04.40 часот било пријавено дека на регионалниот пат Берово-Струмица, кај место викано „Кортелов Мост“, атар на с.Ратево, беровско, Б.Г.(21) од с.Ратево, управувајќи патничко возило „опел вектра“ со беровски регистарски ознаки, излетало надвор од патот.

На местото на несреќата починал возачот. Констатирана била смрт од страна на лекар од Итна медицинска помош. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Берово.

  Категории: