Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, на вчерашната работна посета во Берово, оствари средба со граѓаните, на која беа претставени дел од проектите кои се предвидени во програмата на кандидатот за градоначалник на Берово од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Елеонора Рашковска.
Тој во понатамошното свое излагање се осврна на уште неколку проекти од областа на туризмот, противпожарната заштита и уредувањето на шумите кои се предвидени во нивната програма за граѓаните на Берово.