На 10 ти Јуни сабота, со почеток во 9 часот ќе се одржи велосипедската тура „Пехчево на точак“ на која веќе неколку години континуирано учествуваат љубители на планинскиот велосипедизам од повеќе соседни градови и Малешевијата. Стартот на турата во износ од 47 километри која како што велат организаторите е средно тешка, ќе започне од центарот на Пехчево, а конечната цел е врвот „Ченгино Кале“ најисточниот точка на Македонија.
-Целна точка на турата е врвот Ченгино Кале кој претставува една од најистоцните тоцки на Република Македонија цо надморска висина од 1760 метри.Стартната позиција на велосипедската тура е центарот на Пехчево кој се наоѓа на околу 1000 метри надморска висина (висинска разлика од старт и врв е околу 760 метри).Патеката на движење е во целосна должина од околу 47км со 65% оффроад! Ќе се вози групно со попатни паузи и подолг одмор на врвот.На врќјање е предвидена посета на еден од Пехчевските водопади со определена пауза за узивање – вели Александар Бојќевски еден од организаторите на велосипедската тура.
За учесниците кои ќе се пријават за возење на велосипедската тура, потребно е да ги следат прописите и да поседуваат задолжителни опрема и храна, додека дека учеството е на велосипедската тура е бесплатно.
Огромна благодарност до организаторите, сите партнери и спонзори на велосипедската тура”ПЕХЧЕВО НА ТОЧАК 2023” истакнаа организаторите, а за секоја промена ќе бидете благовремено известени. Пријавувањето за учество на велосипедската тура можете да го потврдите со праќање на порака на фајбук профилот на Александар Бојчевски, кое ќе трае најдоцна до 07.06.2023.
Линк за пријавување: https://www.facebook.com/aleksandar.bojcevski