НАЈГОЛЕМ ДЕЛ ОД ПЕНЗИОНЕРИТЕ НА ИСТОКОТ, ПОСЛЕДЕН ПАТ НА ОДМОР БИЛЕ ВО ТИТОВА ЈУГОСЛАВИЈА.

август 15 10:26 2018

Најголем дел од пензионерите од Истокот последен пат на одмор биле за време на Титова Југославија. Речиси 30 години по распадот на СФРЈ, луѓето во трета доба не виделе ниту езеро и планина, а уште помалку море:

  • Уште од Југославија, последен пат бев кога бевме дел од таа држава, е одговорот на најголем дел од накетираните пензионери.

Од друга страна , туристичките агенции со голема и не толку скапа понуда за летно ужување:

  • Имаме понуди за сиет дестинации, а со најпоовлни цени се оние во Грција и Бугарија, вели туристички работник од Кочани.

Но , очигледно, раатот не е за пензионарите. Некои од нив, не можат да дојдат ни до она што државата им го нуди без пари. За повеќето од нив , недостижно е и бесплатното бањско лекување:

  • Чекам дговор од Фондот за бесплатна бања. ако ми одобрат ќе одам, ако не, ништо, вели пенизонерка од Штип.

Ова е навистина штета, зашто одморот не е само релаксација и спомени, туку и здравје. Имено, само 7 дена поминати на море помагаат во третман на астма, го намалуваат крвниот притисок, го намалувата стресот, го чистат организмот и го подобрувата сонот. Сето она што на пензионерите им треба, но не можат да си го дозволат.

За разлика од кај нас, летувањето е неизоставен дел од животот на многу пензионери од западноевропските земји. Значењето е јасно ако се знае дека во Европа животниот век е над 80 години кај над одвај 72.

 

Извор: Тв Стар

  Категории: