МЛЕКАРНИЦА МАЛЕШ

МЛЕКАРНИЦА МАЛЕШ
април 06 10:36 2018

Нашата мисија е производство и пласирање на квалитетни производи на македонскиот пазар.Квалитетни и здрави производи направени од 100% чисто малешевско природно млеко од еколошки најчисиот регион, Малешевијата без било кавки дополнителни адитиви секојдневно проверени, испитани и врвно оценети од Дирекција за храна и Институт за ветеринарство, а пред се од најголемите гурмани и уживатели на млечни производи.

Истите тие можат да се најдат во нашата продавница на Млекарница Малеш лоцирана на Бул. Видое Смилевски Бато бр. 2 Б – Скопје во населбата Ново Лисиче, во зградата веднаш позади главната пошта.

Е баш тука можете да ги најдете сите видови меко бело сирење направено од кравјо, овчо и козјо млеко, како и мешано сирење, јогурт, кисело млеко од кравјо млеко и урда направени по стари и традиционални вековни рецепти пренесувани од колено на колено.

Во ова време кога големо внимание се посветува на квалитетот и потеклото на хранта која ја конзумираме прашањето е колку можеме да им веруваме на квалитетот на производите кои се нудат во продавниците и маркетите.

Од целата плејада на производи кои се нудат на пазарот купувачите и конзументите треба да бидат сигурни дека производот за кој ќе се одлучат да го купат и конзумираат е квалитетен и ги исполнува сите стандарди за квалитет и потекло на истиот производ.

Е баш такви производи, природни, здрави и проверени можете да ги најдете кај нас.

ДОЈДЕТЕ… ДЕГУСТИРАЈТЕ…. И УВЕРЕТЕ СЕ ВО КВАЛИТЕТОТ СО ПОЧИТ И ГОЛЕМ ПОЗДРАВ ОД

МЛЕКАРНИЦА МАЛЕШ



  Категории:
погледни повеќе вести

Поврзани вести