Младинци од Берово заминаа на седумдневна обука во Монтана, Бугарија како дел од проектот„Волонтери преку граница“

Младинци од Берово заминаа на седумдневна обука во Монтана, Бугарија како дел од проектот„Волонтери преку граница“
октомври 17 16:24 2022

Десет младинци од Берово, деновиве ќе следат седумдневна обука во Монтана, Бугарија, во рамките на активност 5: Зголемување на капацитетите на волонтерските друштва за реакции при кризи, како дел од проектот „Волонтери преку граница“ CB006.2.12.117.

Низ 80 академски часови,  предвиден е теоретски и практичен дел, односно теренска демонстрација пред волонтерите,  за справување со пожари и друг вид на природни катастрофи, како и спасувачки техники.

Обуката ја организира Центарот за професионална обука во Монтана, Бугарија – главна дирекција за противпожарна безопасност и заштита на населението.

Како дел од активностите на самоиот проект, обуката имаат можност да ја следат по десет волонтери од Берово и десет од областа Благоевград, од Општините Струмјани, Сандански и Кресна.

Сите волонтери – учесници,  на крајот од обуката ќе добијат сертификати за успешно поминати обуки, во областа на справување со пожари.

Општина Берово во проектот „Волонтери преку граница“ CB006.2.12.117, е водечки партнер, а здружението „Заедно за Сандански“,  се јавува како проектен партнер.

Со реализација на активностите од овој проект, уште еднаш се потврдува грижата за  унапредување на противпожарната заштита и заштитата од природни катастрофи, вложувањето во ресурси за справување со елементарни непогоди.

Инаку во рамките на истоимениот проект, во тек е набавка на ново мултифункционално возило, за справување со природни катастрофи, за потребите на ТППЕ Берово.

Проект CB006.2.12.117 “Волонтери преку граница”.

Проектот е ко-финансиран од ЕУ преку Интеррег ИПА Прекугранична соработка Бугарија – Северна Македонија Програма 2014-2020, CCI 2014TC16I5CB006. Оваа публикација е издадена со асистенција на Европската Унија преку Интеррег ИПА Прекугранична соработка Бугарија -Северна Mакедонија, Програма 2014-2020,- CCI No 2014TC16I5CB006. Содржината на оваа публикација е во целосна одговорност на Општина Берово и во никој случај не ги одразува ставовите на Европската Унија или на Управувачкиот орган на Програмата.

  Категории: