МИНИСТЕРОТ ЗА ДИЈАСПОРА ЧУПИ И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕКЕВСКИ ПОТПИШАА ДОГОВОР ЗА ОТВОРАЊЕ НА ЦЕНТАР ЗА ДИЈАСПОРА ВО БЕРОВО

МИНИСТЕРОТ ЗА ДИЈАСПОРА ЧУПИ И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕКЕВСКИ ПОТПИШАА ДОГОВОР ЗА ОТВОРАЊЕ НА ЦЕНТАР ЗА ДИЈАСПОРА ВО БЕРОВО
декември 07 17:22 2022

Во просториите на Општина Берово, денска се одржа работна средба на градоначалникот Звонко Пекевски и Министерот задолжен за дијаспората Џемаил Чупи, на која двајцата потпишаа договор за соработка , која предвидува отворање на ,,Центар за дијаспора” во Општина Берово.

На потпишувањето на договорот присуствуваа лица од Агенција за катастар на недвижности, ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа, Агенција за вработување, ОВР Берово, Фонд за здравствено осигурување и Управата за водење на матични книги.

Потпишаниот договор, ќе овозможи отворање на Центар за дијаспора во Берово, проект, кој во иднина ќе ја зајакне соработката со дијаспората, а за тоа како се предвидува да се работи преку овој центар и какви можности ќе создаде тој, појасни министерот Чупи, кој меѓу другото истакна дека овој центар ќе служи за доброто на нашата дијаспора во иднина.

-Денеска сум среќен што заедно со градоначалникот на Општина Берово, го потпишавме договорот за соработка во полза на нашата дијаспора, а тоа подразбира функционална канцеларија за дијаспора каде што нашинците за време на нивниот престој во татковината, ќе имаат можност да се информираат и каде што ќе им се врши асистенција за нивните електронски апликации, каде заедно со Министерството за информатичко општество и администрација со што нивните вработени ќе имаат соработка со вработениот определен во вашата општина во делот на електронските услуги кои нашето министерство и Владата ги имаат повеќе од 90 услуги. Овој договор се базира на пет столбови и тоа креирање на мапа на нашите здруженија во дијаспората, исто така мапирање на нашата научна дијаспора, мапирање и на нашата економска дијаспора како претпоставка за привлекување инвестициите, соработка во областа на културата и на крајот со градоначалникот ќе промовиреме збратимување на градовите со оние градови и општини каде вреуваме дека имаме граѓани од Општина Берово – рече министерот Чупи.

Центарот за дијаспора ќе има посредничка улога и ќе биде линк, меѓу граѓаните од дијаспората и општината,  преку кој тие ќе имаат  полесен пристап до информациите кои им се потребни.

Целта на овој центар, е иницирање соработка на локални организации, со организации од дијаспората, за реализација на заеднички проекти, поттикнување на соработка во областа на  туризмот, преку промотивни активности во туризмот, евиденција на дипломирани студенти од локалната дијаспора, промоција на програми за мобилност на млади, поттикнување и промовирање збратимување на градови со општини во странство, каде што живеат Македонци, препознавање на можности за реализација на проекти, со јавно приватно партнерство и други видови соработка.

Градоначалникот Пекевски изрази задоволство , за како што рече новиот почеток за соработка со дијаспората, преку кој ќе се создаваат трајни врски со нашите во странство и изрази надеж дека оваа соработка ќе вроди со плод, за добробит на  дијаспората, но и на жителите на Општина Берово.

-Сакам да ја информирам нашата локална јавност дека на иницијатива на почитуваниот министер Чупи, со која прифативме да бидеме дел од овој проект, кој ценам дека во овој момент ќе значи отварање кон нашинците надвор од границите на држават и можност преку една канцеларија би ги насочиле сите барања, нини потреби, остварување на одредени права се со цел од едно место да истите се канализираат кон останатите институции кои се надлежни за остварување на нивните права. Идејата ја прифативме веднаш и на тој начин еве денес веќе имавме можност да биде потпишана – истакна градоначалникот Пекевски.

Преку потпишување на овој договор, општината се обврзува да ги обезбеди сите неопходни услови, за да може непречено да функционира ,,Центарот на дијаспората” во Берово.

Вакви канцеларии за соработка со дијаспората ќе бидат отворени во вкупно 23 општини во Република Македонија, во насока на спроведување на еден од стратешките приоритети како дел од Програмата на Владата согласно Националната стратегија за соработка со дијаспората од 2019-2023

  Категории: