БЕРОВО ЌЕ ДОБИЕ КОМПЛЕКС ЗА ЗДРАВСТВЕН ТУРИЗАМ.

БЕРОВО ЌЕ ДОБИЕ КОМПЛЕКС ЗА ЗДРАВСТВЕН ТУРИЗАМ.
септември 21 15:56 2010

Во Берово ќе се гради првиот копмлекс за здравствен и рекреативен туризам во регионот. Во моментов во тек е постапката за добивање одобрение за градба на комплексот кој ќе се протега на 5,5 хектари 2, а ќе се гради по германски терк и архитектура. Локацијата е покрај регионалниот пат Берово –Струмица во непосредна близина на отклонот за Русиново. Инвеститор е фирмата „Боров еликсир“, зад која стои локален жител кој живее во Скопје, а коинвеститорот е од Германија.

Ова е прв туристички комплекс кој се гради надвор од веќе постоечките туристички населби во Берово. Годишно, Општината издава по десетина дозволи за градба на индивидуални викенд куќи во населбата Беровско езеро.

  • Интерес за градба има. Има изградено околу 80 викендици кои се на Беровско Езеро, пред се на приватно земјиште, а некои од нив се пријавени за сместување гости. Најави за доградба има и од хотелите , изјави Мишо Догазански, Одделение за урбанизам Општина Берово.

Најголемиот адут за развој на туризмот и понатаму останува населбата Беровско Езеро.

  • Туристичката населба Беровско езеро е предвидена на 80 хетари површина и околу 3000 индивидуални викенд куќи, и површина од 25 хектари за хотелски комплекси. Претежно земјиштето е приватно, а единствено државно земјиште е на Детското одморалиште и бунгаловите кои за жал не работат, кажа Догазански.

Развојот на туризмот последниве години, на туристичко Берово му носи и приходи од туристичката такса.

  • За 2017 Берово инкасирало половина милион денари, но има уште ненаплатени обврски, според оваа бројка Берово го посетиле 12,500 гости, кажа Тања Муртовска, Одделение за финансии.

Инаку,последните две години Берово во буџетот од туристичката такса која е по 40 денари од гостин, инкасира околу 650 илјади денари за пријавени 16 илјади туристи од земјава и странство.