ЕВН повторно брка во џебот на граѓаните. Голем број сметки со пресметани заостанати долгови.

ЕВН повторно брка во џебот на граѓаните. Голем број сметки со пресметани заостанати долгови.
септември 22 09:05 2010

ЕВН повторно брка во џебот на граѓаните. Голем број сметки со пресметани заостанати долгови стигнаа на адреса на жителите од Истокот. Сумите се различни и се движат од неколку стотини до неколку илјади денари.

На реакциите на граѓаните во подрачните единици им било кажано дека се работи за грешка, направена од страна на компанијата, но и покрај ова, голем број граѓани побарале совет од адвокат:

  • Доаѓаат луѓе кои носат фактури со пресметан заостанат долг и тоа за период од 2005, па дури и од 1998 година, кажа Емил Недков, адвокат.

Според адвокатите,  зад наводните грешки на ЕВН се крие нешто сосема друго:

  • Ова е законски неоправдано, бидејќи овој вид на сметки застарува за период од една година. ЕВН очигледно не ги тужи тие лица, бидејќи знаат дека ќе изгубат на суд, но по кажување на странките на едне начин ги уценуваат да потпишат спогодба за преземање на заостанатиот долг, дали се работи за претходно броило или од броило на покоен член на семејството, кажа  Недков.

Поради ова, на граѓаните им се советува да не потпишуваат никакви спогодби, зашто со нив, го признаваат не само долгот , туку и сите законски камати кои следувата со него.

Праксата на пишување на т.н. заостанати долгови на сметките за струја, во источниот регион се повторуваат веќе подолг период.

Во септември, ЕВН токму по овој основ изгуби судски спор, откако не семејство од Штип сакаже да му наплати 160.000 денари „заостанат долг“.

Review Summary

3 out of 5
Availability
4.5 out of 5
Gameplay
1 out of 5
Sound
4 out of 5
Storyline

Quis facilis placerat ex quo, facete facilis et est. At persius indoctum euripidis mea, te veri dolores ius. Mei id mutat expetenda consetetur, an per eirmod habemus, ius at fierent corrumpit.

3.13 Average 3.13 out of 5
  Категории: