Куќата за гости а воедно и ресторан„Кужнер“ во Марибор, која ја води наша малешевка од селото Ратево, заедно со семејството, реши еднаш неделно да прехранува семејство или поединец што има потреба. Куќата за гости ја води Јулија Мишовска, која пред пет години со семејството се преселила во Марибор во потрага по подобар живот.
Сега решила да направи нешто од своето срце, а со храната што ја готви ќе ги нахрани социјално најранливите луѓе во местото. Овој подвог и хуман гест го започнала уште во Македонија, вели Мишовска, каде готвеше за децата кои останаа без родители.Кога дошла во Словенија и сакала да продолжи со помошта, се поврзала со Барбара Новак од хуманитарната организација Ни-Лу. Цело време и помагале пријателите, носела облека и пари за оние на кои помагале од хуманитарното здружение.
Нејзината пријателка Барбара вели дека, Јулија секогаш учествувала во нивните различни проекти и нон стоп ја прашувала како може да помогне.
„И така не одамна оживеа идејата да се готви за другите. Иако самите се борат за бизнисот за да можат да ги покријат сите трошоци, бидејќи се под кирија, Јулија решила да помогне. Со храната што ја готви во гостилницата. „Ти само направи го тоа“, ми рече таа во тоа време. Марибор е полн со семејства и поединци на кои им треба многу помош, уште полошо е кога посетуваме луѓе надвор од градот. Затоа ги повикуваме луѓето на кои им е потребна помош, да дојдат во гостилницата за да набават храна“, објаснува Барбара.
Таа се сеќава дека неодамна однела храна во семејство со четири деца.
„Каква тажна ситуација. Овие деца немаат ништо, фрижидерот е празен. Кога стигнав, тие седеа на маса и чекаа. Сосема мирно. И еден од нив вели: „Мамо, можам ли да кажам нешто? Мамо, ќе јадеме“. Ова е она што се крие во овој град. А што ќе биде, сега доаѓа зимата. Навистина ѝ благодарам на Јулија што се трудеше на секој можен начин“, вели таа, а потоа брза со кеси полни со храна кај семејството на кое му е потребна.
Навистина можеме да и кажеме едно големо браво на нашата малешевка Јулија и секоја чест за нејзиното хумано дело во градот Марибор.
Во продолжение видео прилог за приказната на Јулија на словенечкиот медиум mariborinfo.com
https://www.facebook.com/watch/?v=1322450712079342&rdid=FbO5XkIFsLPbLvcz