МАКЕДОНСКИОТ КЛУБ „МАКЕДОНСКА ЗОРА 93“ ВО ГРАДОТ ОФЕНБУРГ ПРОСЛАВИ 30 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

МАКЕДОНСКИОТ КЛУБ „МАКЕДОНСКА ЗОРА 93“ ВО ГРАДОТ ОФЕНБУРГ ПРОСЛАВИ 30 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ
ноември 08 22:13 2023

Македонскиот клуб во градот Офенбург во Германија „Македонска Зора 93“ викендот прослави 30 годишен јубилеј од своето постоење. На свечената забава на која присуствуваа околу 800 Македонци од повеќе градови во Германија, ечеа звуците на македонскита песна за која беше задолжена нашата позната естрадна уметничка Сузана Гавазова и групата Дрим Тим.

Освен големиот број македонци, на јубилејот присуствуваше и Криштоф Хеимел кој е преставник за интеграција за странци на сите клубови во градот Офенбург. На покана пак на претседателот на македонскиот клуб, со свое присуство се уважија и конзулот Боро Мирчески од конзулатското одделение во градот Бон, како и генералниот конзул Јулијана Николова од македонскиот конзулат во Минхен, кои во своето обраќање го истакнаа почитувањето едни со други, негувањето на вредностите добиени од македонското семејство.

-Како народ треба да си помагаме едни на други, да ги негуваме вредностите кои сме ги добиле пред се од нашите семејства, да ја цениме и почитуваме фамилијата. Знаеме сите дека овде од вас никој не е дојден по лесен пат.Сите од вас сте имале некаква судбина во Македонија и сте решиле среќата да си ја побарате овде во Германија, некој на полесен начин некој на потежок. Тотално ве разбирам како е да се појавите со куферот, било на автобуска, железничка или аеродром тука и да не знаете што да правите со себе.Тоа едно чувство да мислите дека сте изгубени и да сфатите дека вие сте силни луѓе за да се изборите за вашето подобро утре и на подобрата иднина на овие златни деца овде. Да сте здрави и живи и ви посакувам убава вечер – истакна македноскиот конзул Боро Мирчески од конзулатското одделение во градот Бон.

Храброста, смелоста и интелегенцијата на македонците во Германија ги прави посебни во справувањето со секојдневните предизвици во германското општество.Како главна и интересна карактеристика на сите Македнонци во Германија, во своето обраќање пред присутните, генералниот конзул во македонскиот конзулат во Минхен, г-ѓа Јулијана Николова, ги спомна домаќинското работење, несебичноста и пожртвуваноста.

-Колку само ние сме пожртвувани за нашите семејства.Треба да ја славиме нашата сила, гордост и достоинство.Сакам да потсетам на уште еден факт, а тоа е солодарноста.Ние тука сме како едно семејство.Мора да се чуваме, да се поддржуваме со убав збор со насмевка, со прегратка, некогаш и со помош колку можеме. Само на тој начин можеме да опстанеме, да се дружиме и да бидеме силни. Би сакала да се заблагодарам на поканата на претседателот на македонскиот клуб во Офенбург, Филип, на колегата Боро, и сакам да ве замолм вечерва да бидеме себични кон себе, да не мислиме на проблемите, малку да помислиме на себе. Кога ќе пукне тапанот , да се веселиме, да заборавиме на се, да биде една вечер која што долго ќе се памети и ќе се прераскажува. Ви благодарам на сите – истакна генералниот конзул во Минхен г-ѓа Јулијана Николова.

По интонирањето на македонската химна, вечерта беше крунисана со многу забава и македонски песни и ора, на кои македонците одлично се забавуваа и дружеа со традиционални македонски јадења и потсетување на единственото нешто кое ги сврзува сите, а тоа е Македонија.

Сузана Гавазова и групата Дрим тим пак ги кренаа на нозе сите присутни, со најголемите македонски песни и не оставија никој да остане мирен. Македонската песна ечеше до раните утрински часови во градот Офенбург, со што уште еднаш се покажа дека почитта и интеграцијата на македонците и македонскиот клуб „Македонска Зора 93“ се високо на пиадесталот во германското општество.

Инаку „Македонска Зора 93“ како едно од најстарите македонски клубови во Германија, веќе 30 години успешно ја преставува македонската култура, македонските вредности и јазик и со најразлични активности се грижи за секој македонец во овој дел на Германија и пошироко.Челновите на клубот заедно со претседателот Филип Маневски упатија благодарност до сите кои помогнаа во одбележувањето на јубилејот, како и до сите присутни на прославата.

Нека се множат годините и многу успеси во иднина му посакуваме македонскиот клуб во градот Офенбург во Германија „Македонска Зора 93“.

Во продолжение линкови од социјалните мрежи на „Македонска Зора 93“ :

https://www.facebook.com/makedonskazora93

https://www.instagram.com/makedonskazora93/

Кратко видео од настанот:
  Категории: