Во врска со актуелната појава на болеста африканска чума кај свињите во некои градови, Општина Берово ја известува јавноста, дека ова е вирусно заболување кај свињите, кое не носи ризик по јавното здравје, односно луѓето не заболуваат од истото, бидејќи не се приемчиви за вирусот кој ја предизвикува болеста.
Инаку, врз основа на добиени лабораториски наоди од Институтот за ветеринарна медицина од 06.01.2022 година, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) го потврди првиот случај на присуство на болеста африканска свинска чума во две огледувалишта во делчевското село Драмче, каде се угинати 14 свињи, а во одгледувалиштата, каде е потврдено присуството на болеста, извршена е еутанизација (хумано убивање) на 6 свињи, земени се мостри за лаборатиориско испитување, а лешевите на угинатите и еутанизираните животни, под официјален надзор, се нештетно отстранети и закопани.
Повеќе информации за заболувањето и неговото значење и импакт можете да најдете на веб страната на Агенцијата за храна и ветеринарство, на следниот линк:
http://fva.gov.mk/mk/afrikanska-cuma-divi-svinji