Изложба на олдтајмери во Делчево по вторпат.

Изложба на олдтајмери во Делчево по вторпат.
март 17 20:49 2018

Над 50 олдтајмери од Македонија и Бугарија ќе бидат дел од втората изложба на ретро автомобили во Делчево. Досега, пријавени се учесници од повеќе градови, кои во сабота на 24-ти март ќе се екипираат пред паркингот кај новата црква :

Имаме најава од Ретро клуб „Пирин“ од Благоевград, ќе дојдат и од Ќустендил и Софија. Предвидено е да има околу 10 автомобили од Бугарија. Од Македонија имаме најавено гости од Велес, Кочани, Струмица и Неготино, кажа Лоренцо Трајановски, организатор на изложбата.
На изложбата, посетителите и љубителите на автомобили ќе имаат можност да видат олдтајмери кои досега не ги виделе во живо, од различни марки и краеви на светот :

Многубројни се Volkswagen Buba, исто така јас имам од мојата колекција Trabant кој го купив сега пред 5-6 дена. Мислам дека ќе има околу 35 различни автомобили, истакна Трајановски.

Настанот ќе започне во 10 часот со екипирање на едно место, по што еден час подоцна започнува дефилето низ улиците.

Комисија од општина Делчево ќе додели награди на најдобро реставрирана кола, најстар автомобил и пехар за најмлад учесник на ова ретро-кар шоу.

Идејата на организаторите е, овој настан да добие поширок карактер и од догодина да има гости и од Словенија, Србија, Хрватска и Италија.

  Категории: