ИЗГАСНАТ И ЛОКАЛИЗИРАН ПОЖАРОТ ВО МЕСНОСТА„ПЕТЛЕЦ“.

ИЗГАСНАТ И ЛОКАЛИЗИРАН ПОЖАРОТ ВО МЕСНОСТА„ПЕТЛЕЦ“.
април 17 10:27 2021

Пожарот кој вчера поладне избувна на месноста „Петлец“ над селото Русиново, е изгаснат и локализиран.Според информациите од претставник на Шумското стопанство во Берово, кој учествувал во гаснење на пожарот, била зафатена дабова и букова шума, а поголем дел со огнените јазици била зафатена површина од папрат.

– Моментално пожарот е локализиран.Дождот кој заврна вчера вечерта ни помогна во тоа.Во гаснењето на пожарот бевме екипа на вработени од Шумското стопанство, како и мештани од с.Русиново кои имаат имот и пчелни семејства на месноста Петлец.Гореше дабова шума која не се оштетува, помал дел букова шума, а пожарот зафати голем дел со папрат и диви малини, кои ако не беше дождот тешко се гаснат.За среќа не беа зафатени колибите на мештаните и пчелните семесјтва кои беа во близина – истакна Јорданчо Ајтовски вработен во ШС „Малешево“ Берово.

Штетите од пожарот допрво ќе се утврдуваат, а причината според информациите од надлежните е човечки фактор.

  Категории: