ЗВОНКО ПЕКЕВСКИ СО ОДГОВОР ДО ПАРТИЈАТА ЛЕВИЦА: ГРАДОНАЧАЛНИКОТ И ОПШТИНА БЕРОВО НЕМААТ ПОВРЗАНОСТ СО КУПОПРОДАЖБАТА НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ НА БЕРОВСКО ЕЗЕРО

ЗВОНКО ПЕКЕВСКИ СО ОДГОВОР ДО ПАРТИЈАТА ЛЕВИЦА: ГРАДОНАЧАЛНИКОТ И ОПШТИНА БЕРОВО НЕМААТ ПОВРЗАНОСТ СО КУПОПРОДАЖБАТА НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ НА БЕРОВСКО ЕЗЕРО
јули 18 18:34 2022

Градоначалникот Звонко Пекевски, излезе со одговор по обвинувањата на партијата Левица во која наведуваат узурпацијата на зелени површини, близу Беровското Езеро и наводен скандал за “неконтролирано“ градење покрај Беровското Езеро.Во реакција на социјалната мрежа Фејсбук на градоначалникот Пекевски, тој вели:

Почитувани граѓани,

Во врска со обвинувањата против мене, за некаква си узурпацијата на зелени површини, близу Беровското Езеро и наводен скандал за “неконтролирано“ градење покрај Беровското Езеро, одговорно тврдам дека :

-Општина Берово и Градоначалникот, немаат никаква поврзаност со купопродажбата на градежно земјиште, ниту пак има некаква поврзаност, периодот кога е купено земјиштето и цената за која двајцата приватни купувач / продавач, се договориле, земјиштето да биде продадено/купено.

Оттука следуваат одговорите на прашањата од Левица:

  1. Звонко Пекевски во ниту еден чекор не ја искористил својата партиска блискост со Стефан Богоев, за олеснување на купопродажбата, од причина што нема никакво право да влијае или да учествува во купопродажни односи. Берово е мало место и сите ние знаеме кој е продавачот на имотот, кој е предмет на купопродажба.
  2. За тоа, каква цена имаат постигнато двајцата учесници во постапката, општината и градоначалникот немаат никакво право да навлегуваат во договор на физички лица, доколку некој сака, може на другиот да му даде земјиште и како подарок
  3. При пресметка на данокот на промет, во општина Берово, се зема во предвид пазарната вредност на земјиштето, согласно Методологија за процена на пазарна вредност на недвижен имот, донесена од страна на Министерството за транспорт и врски и Одлука за определување на зони во Општина Берово, за утврдување на пазарна вредност на недвижен имот, кои служат како основица за пресметување на данок на промет на недвижен имот во општина Берово, а не вредноста постигната помеѓу продавачот и купувачот и од тие причини, обвинувањата спрема мене, се неосновани и нема никакво оштетување на Буџетот на Општина Берово , ниту било каков селективен пристап во корист на странката.
  4. Маркицата за хотел, на земјиштето кое е предмет на купопродажба, е вцртана со донесување на УПВНМ (Урбанистичка планска документација вон населено место ) за туристичка населба Беровско Езеро, која е усвоена со Одлука на Совет бр. 07-1291/1 од 06.07.2012 година и до денес не претрпела никакви измени, НЕ по наредба на Звонко Пекевски
  5. Звонко Пекевски ги штити интересите на сите жители на Општина Берово, но и на сите инвеститори, гости и туристи, без да има селективен пристап, спрема одредени партиски или било какви врски, за се што се сомневате, слободно можете да го проверите и преиспитате. Ги повикувам сите членови на ,,Левица”, во Берово, да останат фокусирани како опозиција и будно да го следат реализирањето на програмата, со која втор пат, ја добив довербата на граѓаните на Општина Берово, но и да дадат свој придонес во унапредување на квалитетот на живот на сите граѓани, преку квалитетни идеи и проекти и непроверените работи никогаш повеќе да не ги објавуваат, затоа што истите повредуваат нечиј интегритет.

Општина Берово и градоначалникот работела, работи и ќе продолжи да работи, без никаков селективен пристап и секогаш во согласност со позитивните законски прописи.

Во продолжение линк од одговорот на градоначалникот Пекевски:

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid0pvAKTF9MrafAvf3ra5KA2kxqNo1ju9qqaqxZ4SHbUJgjb8kkYpm3E97xv4JaRVval&id=100063455960429

  Категории: