Задругите да се вратат во селата од Истокот. Ова е единствен начин за нивно зајакнување и за развој на земјоделиеот во регионот.
Овдешните земјоделци поседуваат мали ниви кои не се доволни за сериозен развој на земјоделието и неопходно е нивно окрупнување, што може да се направи само со задругарство.
Иако досега имало неколку обиди, задругите да се вратат во „игра“ сепак, досега нема никакви резутати, меѓу другото и заради одредени законски одредби кои според земјоделците не се добри:
Доколку овие пречки се надминат, задругарството би можеле да се врати . Впрочем, Зрновци, Подлог, Тркање, Блатец и други села од региопнот, својот развој му го должат токму на Задругарството.
Инаку, во Македонија сега постојат само 39 задруги, неколкукратно помалку од пред триесетина години. Резултатот е заостанато производство, слаби приноси, сиромашни земјоделци и села кои масовно се празнат.
Колку за иустрација, дури 35 % од жителите ги напуштиле селата, од кои речиси сите се млади луѓе, оние кои требаше да бидат носители на нивниот развој.