ЗАВРШНО ОБРАЌАЊЕ НА ПЕТАР РУЖИНСКИ,НОСИТЕЛОТ НА ЛИСТАТА НА СОВЕТНИЦИ ОД ВМРО-ДПМНЕ.

ЗАВРШНО ОБРАЌАЊЕ НА ПЕТАР РУЖИНСКИ,НОСИТЕЛОТ НА ЛИСТАТА НА СОВЕТНИЦИ ОД ВМРО-ДПМНЕ.
октомври 15 21:46 2021

Почитувани сограѓани,


Најпрвин дозволете ми во свое лично име да се заблагодарам на мојата политичка партија ВМРО-ДПМНЕ што ми ја додели честа да ја предводам советничката листа која со Ваша помош ќе биде доминантна во новиот совет на општина Берово.


Предизборната кампања е пред самиот крај. Во изминатиот период имавме прилика да посетиме многу домови,да слушнеме многу поплаки,да ја констатираме разочараноста од политиките на актуелната власт,но и да слушнеме многу предлози и насоки за идна работа. Од сето тоа можевме да заклучиме само едно. А тоа е дека Берово,Малешевијата имаат насушна и неодложна потреба од нова енергија,нови луѓе,нови политики,нова иднина.

Овие млади луѓе кои стојат позади мене на листата со своите имиња се гарант дека нашата советничка листа ги поседува овие особини.
Малешевци се паметни луѓе. Тие знаат да ја препознаат сечија енергија. Ја препознаа и нашата. Затоа јас слободно можам да кажам дека ПОБЕДУВАМЕ!