Модерна и инфраструктурно поврзана општина е предуслов за економски развој, но и за подигнување на животниот стандард на граѓаните. Пристапноста и достапноста до секој еден дом, ќе биде наша обврска – рече Елеонора Рашковска кандидат за градоначалник на Берово од ВМРО-ДПМНЕ во излагањето на нејзините проекти во областа на патната и сообраќајна инфраструктура.
Во нејзината програма „Гарантираме за Берово“ се предвидени проекти, со кои како што вели е предвидено асфалтирање, реконструирање и рехабилитација на улици секаде каде што е потребно, поставување на хорисонтална и вертикална сигнализација за поголема безбедност во сообраќајот, а најави и кружна раскрсница на улицата „Борис Кидрич“ на регионалниот пат Берово-Струмица.
• РЕГУЛАЦИЈА НА СООБРАЌАЈНИОТ РЕЖИМ СОГЛАСНО СО ИЗРАБОТЕН СООБРАЌАЕН ПРОЕКТ ЗА ОПШТИНА БЕРОВО
Регулација на сообраќајниот режим согласно со изработен сообраќаен проект за Општина Берово. Извор на финансирање: Буџет на општината.
• ПОСТАВУВАЊЕ НА НОВА СООБРАЌАЈНА СИГНАЛИЗАЦИЈА СО ЦЕЛ ПОГОЛЕМА БЕЗБЕДНОСТ ЗА СИТЕ
УЧЕСНИЦИ ВО СООБРАЌАЈОТ
Проектот опфаќа поставување на хоризонтална и сообраќајна сигнализација со цел подобрување на безбедноста во сообраќајот за сите учесници.Извор на финансирање: Буџет на општината.
• АСФАЛТИРАЊЕ, РЕКОНСТРУКЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА УЛИЦИ ВО ОПШТИНА БЕРОВО И ПОПЛОЧУВАЊЕ СО БЕКАТОН
Предвидено е асфалтирање, реконструкција и рехабилитација на улиците на територија на Општина Берово, секаде каде што ќе се појави одреден проблем. Целта е да не остане ниту една улица која што не е новоизградена, реконструирана или проширена.Извор на финансирање: Буџет на општина / во соработка со централната власт
• КРУЖНА РАСКРСНИЦА НА РЕГИОНАЛЕН ПАТ БЕРОВО – СТРУМИЦА Изградба на кружна раскрсница на локалната улица „Борис Кидриќ“, која опфаќа и дел од регионалниот пат Берово – Струмица.Извор на финансирање: Буџет на општина / во соработка со централната власт.