ВО НАСЕЛБАТА „МАНАКИЈА“ СЕ ПОСТАВУВА УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ.

ВО НАСЕЛБАТА „МАНАКИЈА“ СЕ ПОСТАВУВА УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ.
мај 07 13:37 2021

После долги години, месноста викана ,,Манаќија” во Берово, добива улично осветлување. Во моментот екипа на терен, работи на поставување на инсталација на улично осветлување, во должина од околу 300 метри и наскоро овој дел од Берово ќе блесне, целосно осветлен. Овозможувајќи им значајни придобивки на граѓаните ги запазуваме постоечките стандарди за енергетска ефикасност, со што се добива заштеда на електрична енергија.

-Со поставување на улично осветлување во месноста викана ,,Манаќија” , граѓаните ќе имаат придобивки и во однос на социјалната и сообраќајната безбедост. За мене е навистина многу важно, средствата на граѓаните секогаш да се вложуваат наменски, да се прави рационализација и домаќински да се работи. Токму затоа, ја увидовме потребата од поставување на улично осветлување на овој дел од Берово, кој што е доста населен – истакна Градоначалникот Пекевски.

Граѓаните изразија задоволство што и на овој дел од Берово, конечно почнува да се работи, па се надеваат дека во скоро време ќе се изнајде решение и за асфалтирање и на улиците во овој дел на населбата.

-Добро е што после многу години, почнува да се работи и тука.Живеевме во темница,не излегуваме никаде особено преку вечер и никој не доаѓаше кај нас поради состојбата со уличното осветлување кое на овој дел никогаш не постоело.Благодарни сме за работите кои се отпочнати, па се надеваме дека во најскоро време ќе се спасиме и од калта по не направените улици, која ни претставува огромен проблем во движењето и функционирањето во секојдневниот живот – рекоа граѓаните на населбата Манакија.

Инаку оваа населба е една од најубавите и е најгусто населена населба во Берово со најмногу деца.Поголемиот дел од населбата е уредена, освен овој дел каде останува да се заврши урбанизацијата и асфалтирањето на неколку улици.Со проектот за подобрување на условите на живеење во општините Берово и Штип, кој е во реализација, се предвидува и овој дел од населбата Манакија да добие инфраструктурно уредување, со што граѓаните би ги решиле долгогодишните проблеми со кои се соочуваат.

  Категории: