АПЕЛ ЗА ПОМОШ- За семејството Белчовски од Русиново,чија плевна изгоре во пожар со нанесена голема материјална штета

АПЕЛ ЗА ПОМОШ- За семејството Белчовски од Русиново,чија плевна изгоре во пожар со нанесена голема материјална штета
мај 05 15:13 2023

На ден 24.04.2023 околу 23:55 часот, во пожар во селото Русиново, целосно е оштетена плевна на семејството Белчовски, каде е причинета голема материјална штета. Во плевната целосно изгорел горниот дел на плевната, а пожарот пеплосал 10 тони сено, 3 тони жито, додека во приземниот дел изгореле 2 коњи, 9 свињи, 4 самари, 3 моторни пили, 10 литри бензин и друг алат.

Семејството на Јован Белчовски од Русиново, во кое ниеден член не е вработен и се корисници на социјална помош, со здравствени проблеми во семејството, итно им е потребна помош, за повторно да ја изгради плевната и да може да обезбеди егзистенција за членовите. Поради тоа упатуваат апел до сите хумани луѓе кои можат да помогнат, по огромната материјална штета нанесена од пожарот.

Сметката за донации е: 200001999842008 депонент Стопанска банка, или во кутиите за донации кои ќе бидат поставени во јавните маркети низ Малешевијата.

За донации од странство: IBAN – MK07200004077749333EUR

Телефон за контакт на Јован Белчовски: 072 746-351

Семејтвото Белчовски упатуваат благодарност до сите кои донираат и секоја помош е добредојдена.

  Категории: