Донација на пожарникарска опрема, од доброволното друштво Толмин од Словенија.

Донација на пожарникарска опрема, од доброволното друштво Толмин од Словенија.
август 14 14:04 2021

Доброволното пожарникарско друштво Толмин од Словенија, кое беше дел од словенските здружени пожарникарски сили, создадено во далечната 1881 година, кое со своите пожарникари – доброволци помогнаа да се изгасат огромните шумски пожари во Малешевијата донираат лична пожарникарска опрема на своите колеги од Територијалната противпожарна единица од Берово.

Договорена е и поголема донација на пожарникарска опрема која веќе нашите искрени пријатели ќе ја обезбедат со пристигнување во својот дом во Словенија. Планирана и обука во Словенија на нашата противпожарна единица која би се реализирала во текот на следната година.

Пријателството и врските кои се создадоа од искрената благодарност за незаменливата помош и поддршка која ја дадоа словенските пожарникари и во иднина ќе вродат со соработки во насока на опремување и поддршка и зголемување на капацитативноста на нашата противпожарна единица.

Нашите искрени пријатели, словенските пожарникари ги испративме утрово, симболично со вклучени сирени уште еднаш неизмерно заблагодарувајќи се за помошта која ја дадоа во гаснењето на пожарите. Ветуваме дека ќе ги негуваме овие соработки уште многу долго, а пријателствата ќе останат вечно.

  Категории: