Дневен ред на шеста седница на Советот на општина Пехчево.

Дневен ред на шеста седница на Советот на општина Пехчево.
март 30 21:02 2018

Претседателот на Советот на Општина Пехчево, Николчо Јовчев донесе решение за свикување на 6-та седница на советот.

6-тата седница на Советот на општина Пехчево е закажана за 30.03.2018 година (петок), со почеток во 13 часот.

Седницата ќе се одржи во просториите на општина Пехчево, со предлог на следниот:

ДНЕВЕН РЕД

1.      Усвојување на записникот од 5-та седница на советот на општина Пехчево;

2.      Предлог одлука за усвојување на завршна сметка на ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево за 2017 година;

3.      Информација од ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за градежната машина ровокопач JCB 4CX;

4.      Предлог одлука за усвојување на годишен план за вработување во ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за 2019 година;

5.      Предлог одлука за усвојување на годишен план за вработување во општина Пехчево за 2019 година;

6.      Предлог одлука за усвојување на завршна сметка на ЈПУД ,,Равен,, – Пехчево за 2017 година;

7.      Предлог одлука за усвојување на завршна сметка на ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево за 2017 година: финансов извештај за Донаторска сметка, Наменски дотации, Самофинансирачки активности;

8.      Предлог одлука за основање на Регионална депонија;

9.      Предлог одлука за усвојување на годишен извештај за работењето на центарот за развој на источен плански регион за 2017 година;

10.  Предлог одлука за усвојување на годишниот извештај за спроведување на програмата за развој на источен плански регион 2015-2019 за 2017 година;

11.  Предлог одлука за учество на општина Пехчево во ИПА ИНТЕРРЕГ програмата за Прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Македонија, Повик за проектни предлози Бр. CCI 2014TC16I5CB006-20182, со проектот „Зачувување на животната средина од катастрофи и подобрување на местото на живеење“;

12.  Предлог одлука за утврдување на паричен надоместок за првородено дете во годината, на територијата на општина Пехчево;

13.  Барања од граѓани;

14.  Советнички прашања;

15.  Тековни активности;

  Категории: