Денес е Ѓурѓовден, празник на големиот Свети Георгиј Победоносец

Денес е Ѓурѓовден, празник на големиот Свети Георгиј Победоносец
мај 06 13:31 2023

Ѓурѓовден е најголемиот христијански празник од пролетниот циклус којшто е непроменлив празник и секогаш се паѓа на 23 април по новиот календар, односно на 6 мај по стариот календар Овој празник го празнува не само христијанското, туку и целото население воопшто. Има голема традиција во словенските земји, меѓу кои и во Македонија, што значи дека неговата основа е празнувањето на природата, на разбудувањето на растителноста и на животот воопшто.

Православните верници денес го прославаат Ѓурѓовден- празникот врзан со најголем број обичаи што постојат во народното верување.

Свети Георгиј беше родум од Кападокија. Со Христос се запозна во својот дом. Кога татко му пострада за Христа и прими маченички венец, тој и мајка му се преселија во Палестина. Момчето порасна и стапи во војската на 20-годишна возраст дојде до чинот трибунал. Како таков му служеше на императорот Диоклецијан. Кога Диоклецијан почна да ги гони христијаните, младиот трибунал самиот објави дека е христијанин. Почнаа разни тешки измачувања, но великомаченикот истраја во сите нив, а благодетта Божја му помагаше и го исцелуваше. Неговото мачеништво, т.е. сведоштво наведе многумина да поверуваат во Христа. Во 303 година му ја отсекле главата. Овој голем маченик Бог го награди со дар на чудотворство со кој, тој до денес им помага на сите што го повикуваат во своите молитви.

  Категории: