Демант на Александар Мачевски за наводното малтретирање на животно од страна на инспектор

Демант на Александар Мачевски за наводното малтретирање на животно од страна на инспектор
февруари 06 03:34 2022

Месец февруари е период кога во Малешевијата во тек е откупот на јагниња. Едно од семејствата од овој крај, кое деновиве успеа да направи добра зделка со продажбата е семејството Мачевски од селото Робово. Како што истакна Александар Мачевски годинава успеале да продадат 150 јагниња по добра цена, што секако предизвикало задоволство во нивниот дом.

По продажбата, како што е ред, додава Мачевски бил организиран собир, на кој ги поканиле сите кои помогнале продажбата да се заврши без проблем. Ваквите адети како што вели Александар се познати меѓу сточарите, а со цел идната година да им биде поуспешна се прави обичај наречен ,,Изгубеното јагне”.

-Токму во рамки на овој обичај најстариот член на семејството внесува јагне на масата, се свири истоимената инструментална мелодија ,,Изгубеното јагне” и откако ќе заврши песната јагнето го враќаме во трлото. Бидејки има објавено видео снимка на која се гледа тој адет, кај одредени здруженија се појави реакција дека наводно сме се изживувале животното, а пак ќе повторам тоа е само адет, потоа јагнето е вратено во трлото, за што имам објавена друга видео снимка како тоа е здраво и живо. На настанот беше поканет и инспектор, кој ќе повторам беше поканет од наша страна и не знам зошто го вмешаа човекот во целата ситуација, бидејки беше наш гостин, после успешно завршена работа, рече Мачевски.

Како семејство кое од сточарство егзистира целиот свој живот, Мачевски додаде дека и покрај создавањето вирална вест од снимката, никој не ги прашал како втора страна да ја објаснат ситуацијата.

-По објавувањето на видеото на страницата на тоа здружение има голем број негативни коментари под таа вест, што навистина не е во ред, бидејки ќе повторам ,,никој не не праша што ние имаме да кажеме”. Ќе повторам дека тоа е само адет, ние не сме убијци на животни, секојдневно одгледуваме со љубов над 400 овци, што може да се види на многу други видеа на нашиот профил. Ние сме Овчарска фарма ,,Мачевските деца” која е семеен бизнис од 2006 година, не знаат сите, знаат дека се занимаваме со одгледување говеда, овци и крави, некогаш одгледувавме и до 400 овци, но со тек на времето ја намаливме бројката, бидејки искуството покажа дека помал број овци кои се добро одгледани даваат ист приход. Затоа ќе порачаме, пред некој да не обвини и да ни ја наруши угледта, да не праша, зошто тоа се случило, за што ќе добиел од наша страна конкретен одговор. Бараме извинување од оние кои во негативен контекст го прикажале настанот, со цел да ни наштетат нам и на почитуваниот инспектор, кој беше само наш гостин, рече Мачевски за самата случка.

Демантот за написите во одредени портали Мачевски го објави и на својот фејсбук профил:

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=7654887801203235&id=100000462737618

Во продолжение неколку фотографии од фармата на семејството Мачевски:

  Категории: