ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ОПШТИНА БЕРОВО ПРИСУСТВУВА НА РАБОТИЛНИЦА ЗА ПРИЛАГОДУВАЊЕ НА КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ ВО ИСТАНБУЛ, ТУРЦИЈА

ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ОПШТИНА БЕРОВО ПРИСУСТВУВА НА РАБОТИЛНИЦА ЗА ПРИЛАГОДУВАЊЕ НА КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ ВО ИСТАНБУЛ, ТУРЦИЈА
февруари 22 17:24 2023

Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, денеска, заедно со раководителот на Одделението за ЛЕР, при Општина Берово, Ѓорѓи Пеовски, присуствува на работилница за промовирање акции, за прилагодување кон климатските промени на општинско ниво, во Истанбул, Турција.

Основната цел на работилницата е да се поддржат и во иднина да се промовира размената на искуства помеѓу корисниците на проектот, во урбаните области, со споделување на искуства и добри практики, а особено напорите за адаптација во акциониот план за одржлива енергија и клима (SECAP).

Фокусот е ставен на климатските ризици од топлотни бранови и поплави, особено на локалната ранливост, проценките на влијанието и ризикот, трошоците/придобивките, од решенијата за адаптација, планирање на локалното прилагодување и имплементација на решенија за адаптација.

Регионалниот настан го поддржува развојот на SECAP и се фокусира на прашањето за адаптација и отпорност во урбани и рурален средини, во смисла на промовирање акции, за прилагодување кон климатските промени на општинско ниво и поттикнување соработка со иницијативата Пактот на градоначалниците.

Работилницата има за цел, да ги зајакне напорите на корисниците кон регионално и локално планирање на адаптацијата и да ги искористи врските за намалувањето на ризикот од катастрофи и локалниот и регионалниот развој.

Исто така, има за цел, да ја олесни меѓурегионалната и транснационалната размена за активностите за урбана адаптација и отпорност, обезбедувајќи насоки, истакнување на новите најдобри практики и прикажување примери и студии на случај.

На истата се презентирани знаењата, искуствата и пристапите кои ги поддржуваат креаторите на политиките, владините и административните службеници, како и експертите на релевантното поднационално ниво на градовите и општините.

  Категории: