Делегација на Општина Берово на фестивалот “Малешево пее и танцува” во с.Микрево Р.Бугарија

Делегација на Општина Берово на фестивалот “Малешево пее и танцува” во с.Микрево Р.Бугарија
октомври 08 22:58 2022

Делегација на Општина Берово претстојува на 17 Меѓународен фолклорен фестивал „Малешево пее и танцува“ – Микрево 2022 кој се одржува во Општина Струмјани – Република Бугарија.

Низ годините – од основањето до денес, „Малешево пее и игра“ го чува и популаризира фолклорното богатство не само на Малешевијата и Бугарија, туку и на Балканот, Европа и светот. Создаден со цел да се зачува традиционалната култура и примерите на фолклорот на балканските народи, фестивалот секоја година ги проширува своите граници и пречекува се повеќе амбасадори на фолклорот од различни делови на светот.

Веќе со своето прво издание стана меѓународен форум на пејачката, играчката и инструменталната уметност на народите за автентичен и обработен фолклор. На него учествуваат повеќе од 800 изведувачи од Југозападна Бугарија, Република Северна Македонија, Република Србија и Црна Гора.

Присуството на фестивалот се реализира на покана на градоначалникот на општина Струмјани, г-дин Емил Илиев, како резултат на долгогодишното партнерство и традиционално добрите односи, меѓу двете соседни погранични општини.

  Категории: