ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕКЕВСКИ УПАТИ ЧЕСТИТКА ПОПОВОД ГОЛЕМИОТ ПРАЗНИК БОЖИЌ

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕКЕВСКИ УПАТИ ЧЕСТИТКА ПОПОВОД ГОЛЕМИОТ ПРАЗНИК БОЖИЌ
јануари 07 10:24 2023

Во овие празнични мигови, кога звукот на црковните ѕвона одекнува со силни искри, многу молитви се упатуваат кон небото, Ви испраќам искрени честитки за весел и благословен Божиќ, добро здравје, лична и семејна среќа и достигнување на најпосакуваните нешта.

Со отворени срца и чиста мисла, да го празнуваме Божиќ и сплотени, да се помолиме за здравје, среќа мир и спокој, верувајќи и славејќи ги највисоките христијански вредности.

Божиќ е време на семејните зближувања, на почитаа спрема блиските, со силна верба, кон остварување на сите мисии, со голема надеж, кон достигнување на секој подвиг и со труд и работа, кон поголем напредок и просперитет.

Пречекајте ги деновите исполнети со здравје, среќа и спокојство, не само за Божиќ, туку и во текот на целата година.

Нека Ви е честит големиот христијански празник БОЖИЌ и за многу години!

ХРИСТОС СЕ РОДИ – НАВИСТИНА СЕ РОДИ!

  Категории: