ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕКВСКИ ОСТВАРИ СРЕДБА СО СЛОВЕНЕЧКАТА ПРАТЕНИЧКА САНДРА ГАЗИНКОВСКИ

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕКВСКИ ОСТВАРИ СРЕДБА СО СЛОВЕНЕЧКАТА ПРАТЕНИЧКА САНДРА ГАЗИНКОВСКИ
јули 26 15:24 2022

Градоначалникот Звонко Пекевски, денес во неговиот кабинет во општинската зграда во Берово, оствари средба со пратеничката во Парламентот на Република Словенија, Сандра Газинковски.

На средбата станало збор за соработката меѓу општина Берово и општини во Република Словенија, на повеќе полиња, како и за културната размена меѓу општините и остварување на соработка, со цел подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

-Упатив честитки за изборот, посакувајќи и успешна работа и изразив надеж за остварување на соработка и реализација на заеднички проекти.Се заблагодарив за посетта и додадов дека за нас како општина е голема чест и воедно можност за воспоставување на успешна соработка, од која бенефит ќе имаат секако граѓаните – рече градоначалникот Пекевски.

Пратеничката Газинковски истакна дека ќе направи се што е можно, Берово да добие поддршка од Словенија и дека особено ќе и биде задоволство реализацијата на заеднички проект, кој ќе значи за жителите на Берово.

-Сметам дека имаме потенцијал, преку кој ќе може да се унапредува нашето меѓусебно разбирање и градење на подобри врски, подобра инфраструктура и поврзување на граѓаните на различни начини – рече словенечката пратеничка.

На средбата е потенцирано дека добрите односи помеѓу нашата општина и Република Словенија се одразуваат позитивно, посебно што во словенскиот Парламент има пратеник со малешевско потекло, кој има можност отворено да укажува за потребите на жителите на Општина Берово.