Поради ситуацијата со Корона вирусот, Ахмадија муслиманската заедница во Македонија и хуманитарната организација Хјуменити Фрст од Германија,во соработка со локалната самоуправа во Берово и Пехчево,обзбедија помош за над 200 социјално загрозени граѓани.Се работи за помош во прехрамбени пакети и артикли кои беа доделени на луѓето во двете општини и околните села.На настанот денес присуствуваше и градоначалникот на Берово, кој им се заблагодари на организацијата што во вакви моменти кога е најпотребно донираат помош која и тоа како им е потребна на нашите граѓани.
Ѓраѓаните пак не изоставија да го искажат своето задоволство кон Ахмадија заедницата и истакнаа дека има некој кој мисли и на нив.
Што се однесува до Ахмадија заедницата таа добро е им е позната на сите во Малешевијата и Македонија, а веќе две децении обезбедува помош на најранливата категорија луѓе, без разлика дали се христијани или муслимани, а целта е како и нивното мото Љубов секому,Омраза никому.