Во февруари, во Источниот регион се издадени 16 одобренија за градење. Од нив 6 се на физички лица, а 10 на деловни субјекти.
Најмногу се издадени во Штип 6, Делчево 3, во Берово и Виница по 2, а во Зрновци, Пехчево и Пробиштип по едно одобрение за градење.
Во февруари во Карбинци, Кочани, Македонска Каменица и Чешиново-Облешево нема издадено ниту едно одобрение за градба.
Предвидената вредност за објектите изнесува 171.025 денари. Според податоците на Државниот завод за статистика, во февруари 2018 се издадени 177 одобренија за градење, што е за 51,2 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
ИЗВОР:ТВ СТАР