ВО ПЕТОК ЌЕ СЕ ОДРЖИ ШТРАПАРИЈАДА ВО БЕРОВО: НАТПРЕВАР НА КОЊИ ВО ВЛЕЧЕЊЕ НА ТРУП

ВО ПЕТОК ЌЕ СЕ ОДРЖИ ШТРАПАРИЈАДА ВО БЕРОВО: НАТПРЕВАР НА КОЊИ ВО ВЛЕЧЕЊЕ НА ТРУП
мај 03 18:18 2022

Во Петок на 06.05.2022 со почеток во 11 часот во Берово ќе се одржи Штрапаријада, настан во кој коњите се натпреваруваат во влечење трупци кои тежат до неколку тони. Овој настан започна во 2006 година во Босна, а набрзо се прошири и во Србија и Хрватска. Главното правило е да се доведат трупците до целта.

-Чест и задоволство ни е да ве поканиме во што поголем број на втората по ред Штрапаријадата во влечење на труп со коњи поповод празникот Ѓурѓовден, која во петок ќе се одржи во Берово.Упатуваме благодарност до Ѓокан Мирчев со коњот Голуб, Нечо со кобилата Дрина и Муки Зејнула со кобилата Марија, кои ќе ни бидат гости на турнирот. – истакнаа оргаизаторите на настанот.

Турнирот е во организиранизација на Џунај Арифовски, а за сите љубители на овој спорт кои ќе присуствуваат, ќе има музика во живо, а за забавата ќе бидат задолжени оркестарот „Дуо бенд“ и Јоцо и Елена Миков.Натпреварот ќе се одржи на претходно припреманото место веднаш до Филтер станицата во Берово.

Сите учесници на натпреварот ќе бидат поделени во две категории според тежината и големината на трупот.

Тешка категорија: големина на труп 90 кубни метри.
Лесна категорија: големина на труп 60 кубни метри.

Исто така од страна на организаторите обезбедени се награди и тоа:

Награди за тешка категорија: 1 место (12.000 денари и медал)

2 место ( 6000 денари и медал)

3 место (5000 денари и медал)

Награда за лесна категорија: 1 место (6000 денари и медал)

Инаку оваа е втор пат што се организира ваков настан во Берово.Претходната година овој натпревар побуди огромен интерес на граѓаните, а организаторите овој пат ветуваат одлична забава и побогата организација со гости од соседните градови.Настанот исто така е подржан и од Општина Берово.

Лице за пријавување: Џунај Арифовски, контакт: 076 548 873

Во продолжение видео од минаогодишниот натпревара на влечење труп со коњи:

  Категории: