Во градинката “7 Септември“ во Пехчево започна имплементацијата на Ерасмус + проектот Discovering STEM in nature

Во градинката “7 Септември“ во Пехчево започна имплементацијата на Ерасмус + проектот Discovering STEM in nature
мај 16 16:22 2022

Денес во ОЈУДГ„7 Септември“-Пехчево започна имплементацијата на проектот Discovering STEM in nature со партнери градинки и училишта од Литванија, Турција, Естонија и Република Северна Македонија. Главна Тема е Рециклирањето како дел од проектот. Учесниците имаа заеднички состанок и презентирање на образовниот систем од Директорката Васка Симовска.

-Во градинката се реализираа активности од Екологијата:„Селектирање и рециклирање на хартијата, и органскиот отпад“. Учество земаа децата од воспитна група 5-6 години со воспитувачката Станка Стаменковска. Учесниците остварија средба со Градоначалникот на Општина Пехчево Александар Китански разменија свои искуства. Направивме обиколка на централното градско подрачје и запознавање со убавините на Пехчево, истакнаа од градинката во Пехчево.

Партнерите како што додадоа биле воодушевени од топлиот пречек и целата организација на домакините, при што во домот на културата „Јане Сндански“, ја посетиле Уметничката галерија „Ретроспективна изложба цвеќе“ запознавајки се со традицоналните одбележја и културното наследство карактеристично за пехчевскиот крај.

  Категории: