ВО БЕРОВСКО МАЧЕВО ЗАПОЧНА ИЗГРАДБА НА ФЕКАЛНА КАНАЛИЗАЦИЈА

ВО БЕРОВСКО МАЧЕВО ЗАПОЧНА ИЗГРАДБА НА ФЕКАЛНА КАНАЛИЗАЦИЈА
јули 08 18:10 2022

Започнува изградбата на фекална канализација во село Мачево, каде што увид во градежните работи извршија стручните служби во општина Берово.

Проектот ,, Изградба на фекална канализација во село Мачево”, се реализира , со средства обезбедени со пренамена на 35 милиони евра од ТАВ, што беа предвидени за изградба на карго аеродром во Штип.

Општина Берово во распределбата на тие средства, доби околу 26 милиони денари, за реализација на проект “Изградба на фекална канализација во село Мачево”.

Увид во работата денес заедно со службите од Општината изврши и градоначалникот Звонко Пекевски, кој потенцираше дека со овој проект се решава долгогодишниот проблем на жителите во село Мачево.

-Со реализација на овој проект, решаваме голем проблем на жителите од с. Мачево и уште еднаш ја потврдуваме посветената работа, инвестираме во инфраструктурата, секаде каде што е потребно и подеднакво се грижиме да го подобриме животот, како во градот, така и во населените места – рече Пекевски.

Преку одлуката за пренамена на средства, обезбедени се 35 милиони евра, за 99 проекти, за 75 општини, кои се одобрени за изградба и реконструкција на локална патна инфраструктура, за водоснабдителна мрежа, за канализациски мрежи, за реконструкција изградба на градинки и училишта и спортски објекти, за реконструкција и изградба на здравствени установи и за други проекти, по предлог на општините.