На 30 и 31 јули ќе се одржи првиот книжевен фестивал во Малешевијата, со име “МалеМале”, на кој ќе учествуваат познати автори – книжевни, музички и уметнички.
Организатори на настанот се Тихомир Јанчовски и Тања (Павлеска) Аждаја, помогнати со средства од Министерството за наука и култура, со дозвола за користење на јавните површини од локалната самоуправа на град Берово.Сите граѓани и сограѓани се поканети на настанот, да ги проследат содржините, а и самите да земат учество во некои од нив.
Со надеж дека ќе прерасне во традиција, МалеМале има за цел да го развигори културно-уметничкиот дух во Малешевијата и да послужи како потстрек за слични иницијативи од ист или сличен карактер.
Ве очекуваме на чист воздух и свежи стихови!