Во Берово реализирана првата „Регионална обука за градење на капацитети за спроведување на Зелената Агенда на Западен Балкан (ЗАЗБ) на локално ниво“, за Источниот плански регион.

Во Берово реализирана првата „Регионална обука за градење на капацитети за спроведување на Зелената Агенда на Западен Балкан (ЗАЗБ) на локално ниво“, за Источниот плански регион.
октомври 24 15:40 2024

Во организација на Еко Зелено Движење од Берово, на 22.10.2024 година беше реализирана првата „Регионална обука за градење на капацитети за спроведување на Зелената Агенда на Западен Балкан (ЗАЗБ) на локално ниво“, за Источниот плански регион.
На работилницата претставниците од 9 општини од регионот, Берово, Штип, Кочани,
Зрновци, Пробиштип, Карбинци, Пехчево, Македонска Каменица и општината Чешиново-Облешево, како и неколку граѓански организации имаа прилика да се запознаат со политиките и
приоритетите на Зелената Агенда за Западен Балкан, и барањата кои се поврзани со
декарбонизација, циркуларна економија, спречување на загадувањето, зачувување на природата
и одржливо производство на храна.

Исто така беше разговарано и беа идентификувавани предизвиците и приоритетите на кои треба да се работи во иднина со општините во овој регион со цел јакнење на нивните капацитетите и поуспешно спроведување на законодавството со кое ќе се подобри спроведувањето на барањата кои произлегуваат од Зелената Агенда за Западен Балкан.
За време на работилницата заедно со општините и граѓанските организации се идентификувани
проблеми во секоја од областите кои се дел од Зелена Агенда, а како најголем проблем беа
издвоени пожарите и несоодветното управување со отпадот. Во таа насока се утврдени и
активности за подобро управувањето со отпад и обнова на шумите во овој регион, кои ќе се
стремат за нивна реализација во текот на следниот период.


Обуката ја реализираше организацијата Еко Зелено Движење, Берово, партнер во проектот
„Регионално партнерство за подобро спроведување на Зелената Агенда за Западен Балкан на
локално ниво“, кој го спроведува Центар за климатски промени, во партнерство со Еко зелено
движење, Геосфера, Екотуризам – 2016 Охрид, Креактив, Фондација за локален развој и развој на
информатички технологии, Национален ромски центар и Ецо ацтион од Тетово, а е финансиран од
Владата на Швајцарија преку програмата Цивика Мобилитас.

  Категории: