(ВИДЕО) ВО БЕРОВО ПРЕЗЕНТИРАНИ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ПРОЕКТОТ „ВОЛОНТЕРИ ПРЕКУ ГРАНИЦАТА“

(ВИДЕО) ВО БЕРОВО ПРЕЗЕНТИРАНИ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ПРОЕКТОТ „ВОЛОНТЕРИ ПРЕКУ ГРАНИЦАТА“
март 17 16:49 2023

Во рамките на проектот ,,Волонтери преку границата”, денеска, во Берово, беа презентирани финалните резултатите од самиот проект кој Општина Берово го реализира во партнерство со Здружението на граѓани ,,Заедно за Сандански”.

Градоначалникот на Општина Берово Звонко Пекевкси и неговиот колега од општина Струмјани, Емил Илиев,  задоволни од реализацијата на проектот, ги  искажаа своите впечатоци од реализацијата на проектот, преку кои, се надеваат ќе бидеме подготвени во решавање на прашања, поврзани со заштитата на природните богатства и биодиверзитетот и одржливо ќе ги користиме природните ресурси, силно посветувајќи се на заштитата на животната средина.

-Лидерството во реализацијата на проектите го потврдуваме и со вториот проект кој успешно завршува. Имавте прилика во самата презентација да видите што значи возилото, колкав е буџетот, кои се перформансите и намената на истото. Сведоци сме заедно со вас дека во изминатиот период општината беше зафатена од една голема огнена стихија, која покажа дека капацитетите во тој дел и на општината и државата се слаби, а беа загрозени имотите и животите на граѓаните. Во една таква ситуација претходно имавме аплицирано на проект кој беше на резервна листа, во меѓувреме одобрен, имаше одреден период заради околностите во кои се одвиваше и самата имплементација на проектот беа отежнувачки, меѓутоа еве на задоволство на сите нас верувам дека и на задоволство на граѓаните, набавката на возилото ги зголемува и подобрува капацитетите на ТППЕ Берово, практично во областа на заштита и спасување како надлеѓност на општината секако и на државата во тој дел и верувам дека возилото покрај модулот за заштита и спасување, во зимскиот период ќе биде оперативно активно 365 денови во годината и би се користело во зимскиот период за чистење на јавните површини од снежни наноси и на тој начин овозможување подобро движење на учесниците во сообраќајот и на пешаците а секако и на возилата – рече Пекевски.

Емил Илиев градоначалник на Општина Струмјани додаде дека потребно е обединување на напорите на сите одговорни институции- јавни и приватни, како и активно вклучување на локалните заедници во активностите за намалување на ризикот од катастрофи, се со цел значително да ги намалат човечките, социјалните, економските и природните штети.

Резултатите од проектот се: ограничување на штетите од природни катасрофи, заштита на населението и животната средина, во прекуграничниот регион и зголемен капацитет на волонтери и млади од прекуграничниот регион, за справување со природни катастрофи, одржливо прекугранично партнерство на полето на превенција, справување и спасување од елементарни непогоди.

Главна цел на проектот е да се зголеми капацитетот на општините во пограничниот регион, да реагираат и да се прилагодат на климатските промени и да ги спречат и ублажат ефектите од природните и вештечките катастрофи, преку создавање заедничко партнерство во регионот, во непредвидени ситуации.

Со набавка на специјализираната опрема, во рамките на проектот, која има модули за справување со поплави, пожари и снег, партнерите ги зголемја своите капацитети, за послесно справување во случај на природни катастрофи и полесно надминување на последиците од истите. Исто така зголемени се капацитетите за заштита на животот и здравјето на населението од општините Берово, Сандански, Струмјани и Кресна.

Обуките за волонтери, се исто така значајни во зголемувањето на волонтерските капацитети за спречување и управување и надминување на природните катастрофи.

Намалувањети на ризикот од катастрофи е од клучно значење за одржливиот развој на регионот.

На волонтерите, кои успешно ги завршија обуките, во рамките на денешниот настан, им беа доделени сертификати.

Потребно е обединување на напорите на сите одговорни институции- јавни и приватни, како и активно вклучување на локалните заедници во активностите за намалување на ризикот од катастрофи, кои се очекува значително да ги намалат човечките, социјалните, економските и природните штети.

Како што истакна проект координаторот, Наташа Каламадевска, придобивките од овој проект се големи, капацитетите за справување со природни катастрофи се унапредени, во големи размери и да бидеме подготвени, но, да се надеваме дека што помалку ќе имаме потреба да ги користиме.

Вкупната вредност на проектот е 397.457,46 евра.

  Категории: