По повод Денот на независноста, 8-ми Септември, денеска, делегации од општествениот и политичкиот живот, положија цвеќе на Спомен Костурницата во Берово.
Пред присутните беше прочитан краток говор, со должна почит кон паднатите борци и историски осврт, во чест на денот.
Обединети во слободата, ја славиме независноста!
Честит празник 8-ми септември!, се вели во објавата на градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски.