ВО БЕРОВО ЗАПОЧНАА РАБОТНИЧКИТЕ СПОРТСКИ ИГРИ

ВО БЕРОВО ЗАПОЧНАА РАБОТНИЧКИТЕ СПОРТСКИ ИГРИ
февруари 28 15:15 2023

Во салата „Македонски бранители“ во Берово, вчера, започнаа традиционалните Работнички спорски игри во мал фудбал.

Работничките спорски игри,  свечено, ги отвори градоначалникот Пекевски, кој истакна дека целта на овие игри, е одржувањето на физичката подготвеност, развој на тимскиот и спортскиот дух, како и подобрување на соработката помеѓу институциите на локално ниво.

Додаде дека, Општина Берово ќе продолжи да го поддржува спортот и здравите навики, а се надева дека со овие работнички спортски игри, ќе се подигне спортскиот дух, ќе се поттикне пријателски однос и ќе се  унапреди  соработката на локално ниво.

Од името на Општина Берово и од лично име, упати срдечни поздрави, благодарност до сите што се вклучија во организацијата на Работничките спортски игри и им  посака успешни и фер натпревари.

Во првото коло постигнати се следните резултати:

17:30ч.    Угостители  –    Национални шуми и пилани  0:2

18:00 ч. Образование  –   АРСМ Гарнизон Штип 1:1

18:30 ч. Роми –  Општина Берово 1:0

19:00 ч. МВР Полиција –  Здравен Дом Берово 9:0

19:30 ч.   Фагус  –    Труд и социјала и Суд 1:2

Слободна во првото коло, беше екипата на Приватни Фирми.

Второто  коло, ќе се игра на 02.03.2023 години  (четврток )  со  следниве натпревари:

  1. 18:00ч. Национални шуми и пилани   –  Труд и социјала и Суд
  2. 18:30 ч. АРСМ Гарнизон Штип – МВР Полиција
  3. 19:00 ч. Општина Берово – Фагус
  4. 19:30 ч. Приватни фирми –  Образование
  5. 20:00 ч.       Угостители –     Роми

Слободна во оваа коло, е екипата на Здравен Дом Берово.

  Категории: