ВОНРЕДЕН ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР ЌЕ ЈА ЧЕШЛА ДОКУМЕНТАЦИЈАТА ЗА СМРТТА НА ЈОВАН ДИМОВСКИ

ВОНРЕДЕН ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР ЌЕ ЈА ЧЕШЛА  ДОКУМЕНТАЦИЈАТА ЗА СМРТТА НА ЈОВАН ДИМОВСКИ
август 25 17:24 2022

Смртта на 25 годишниот Јован Димовски чиј живот згасна на Карил во Скопје, каде од Штип бил донесен во многу тешка состојба, утре вонреден инспекциски надзор ќе ја чешла документацијата во врска со неговата смрт. Информацијата ја потврди директоркарта на Државниот санитарен инспекторат посочувајќи дека инспекција ќе се врши и на Карил во Скопје.

25 годишен Јован почина откако добил сепса по дренирање заб во штипкската болница, објавија на социјалните мрежи блиските на сега починатото момче. Случајот предизвика лавина реакции,а јавноста бара одговорност од надлежните.


Од штипската Клиничка болница изразија сочувство до семејството и во попладневните часови го споделија извештајот од докторот што го ординирал Димовски.

Според извештајот Јован на два пати  бил хоспитализиран во штипската болница. Првиот пат е на 14.08.2022. Бил со изразена флегмонозна состојба на десната страна на вратот со потекло од заб. Ординирана е инфузиона терапија, направено е РТГ и извршена е екстракција на забот, заради обезбедување на дренажа на гнојната колекција. Наредниот ден е извршена инцизија со ддренажа. Откако состојбата му се стабилизира по три дена е пуштен дома. 

Но девет дена подоцна на 23 Август во раните утрински часови во тешка општа состојба со возило на Брза помош од Берово е донесен во штипската болница. Во извештајот се наведува дека бил кардиоваскулано нестабилен, со ниска сатурација, со крваво-гноева секрецијаод раната. Итно е опериран, но поради сериозноста е повикана помош од Универзитетската клиника за максилофасцијална  хирургија.

Опеативниот зафат бил извршен во 10 часот и поради септичната состојба е сместен на одделот за интензивно лекуваање. Во раните утрински часови поради влошување на состојбата е транспортиран на Карил, каде што и починал.

Денес Берово е во шок од трагедијата. Целиот град му одаде почит и го испрати до вечното почивалиште. 

  Категории: