ВМРО ДПМНЕ ОД ПРОТЕСТОТ ВО БЕРОВО: СО ИСТОРИЈАТА И ЈАЗИКОТ НЕМА ПРАВО ДА ТРГУВА НИКОЈ.

ВМРО ДПМНЕ ОД ПРОТЕСТОТ ВО БЕРОВО: СО ИСТОРИЈАТА И ЈАЗИКОТ НЕМА ПРАВО ДА ТРГУВА НИКОЈ.
декември 03 01:46 2020

Под мотото „Протест сега, за да не биде предоцна “ ОК ВМРО ДПМНЕ  во Берово, вечерва одржа протест со автомобили, на кој беше искажан револт од политиките на актуелниот премиер на владата Зоран Заев во спорот со Република Бугарија.

Колона со околу 80 автомобили тргна од општинскиот штаб на партијата низ улиците на Берово и се упати во центарот на градот, каде членови од партијата имаа свое обраќање.

Отпорот во Берово спрема оваа ненародна власт започнува од денес истакна новоизбраниот претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ Берово, и упати апел до сите Малешевци масовно да излезат на овие протести со цел да не се распродаде се што е македонско.

Покрај во Берово, ВМРО ДПМНЕ вечерва одржа протести во неколку градови во државата, додека од партијата најавија дека протестите продолжуваат и во петок со истата маршута низ улиците на Берово.

  Категории: