Виничани „мрднаа со прст“. Реконструираа спортско игралиште и чистеа околу него

април 11 16:26 2018

Околу 120 виничани ги засукаат ракавите и сами се погрижија за реконструкција на спортското игралиште во Ромското маало, но и целосно го исчистија просторот  во близина на истото.

  • Сите се грижиме за состојбата на нашето здравје. Треба да знаеме и да бидеме свесни дека ваквите меска како што е игралиштето, треба да го негуваме и чуваме. Со оваа акција покажавме колку сите ние сме си потребни едни на други, кажа Ејуп Салиов, волонтер од Виница.

Акцијата траеше два дена и беше дел од кампањата „мрдни со прст“ насловена како “Чист простор за здрави луѓе”:

  • Првиот ден се однесуваше на расчистување на теренот, отстранување на оштетената мрежа и поставување на нова, поставување на шипки на постоечките стативи, фарбање на стативите и бележење на фудбалскиот терен, вториот ден беше организиран фудбалски турнир помеѓу 5 мали репрезентации, а по завршување на турнирот присутните граѓани го чистеа насобраниот отпад околу и во игралиштето, изјави Ромина Кајтазова-НВО КХАМ Делчево.

Акцијата ,,Чист простор за здрави луѓе“  докажа дека преку дружба и забава може да се постигнат повисоки цели кои се за општо добро на сите граѓани:

  • Би сакале да изразиме особена благодарност до граѓаните на општина Виница кои придонесоа кон успешност на оваа акција и покажаа дека соработката со институциите е возможна и дека со желба, ентузијазам и проактивност може да се случи промената што сакаме да ја видиме, кажа Кајтазова.

Оваа акција беше поддржана од страна на НВО КХАМ од Делчево во рамки на иницијативата ,,Мрдни со прст’’ заедно со Ромска советодавна група Виница  и има за цел цел да ја подигне јавната свест за различните можности кои се во доменот на секој поединец како и да се понудат идеи за приднонес  кон специфични активности  во рамки на  заедницата во кои граѓаните можат да се вклучат индивидуално, но и колективно.

ИЗВОР:ТВ СТАР

  Категории: