(ВИДЕО) ПРИСТИГНА АВСТРИСКА ПРОТИВПОЖАРНА ОПРЕМА ВО ПЕХЧЕВО

(ВИДЕО) ПРИСТИГНА АВСТРИСКА ПРОТИВПОЖАРНА ОПРЕМА ВО ПЕХЧЕВО
јули 29 14:43 2022

Австриските пожарникари кои минатата година активно учествуваа во гаснењето на пожарите во Малешевијата, денес во Пехчево донираа противпожарна опрема за Доброволното противпожарно друштво.Опремата се состои од комбинизони, шлемови, јакни, противпожарни чизми кои се наменети за околу 28 пожарникари за справување со пожари.

На денешниот настан, преставници на пожарникарската бригарда од градот Петерсдорф и неколку околни друштва од Австрија, по средбата со градоначалникот Александар Китански, лично ја предадоа опремата на членовите на ДПД од Пехчево.

-По минатогодишните видувања со каква противпожарна опрема располагаме и преку некои приателства и наши иселеници што се случија, стапивме во контакт со противпожарните друштва од Австрија, кои доброволно по нивна иницијатива, обезбедија опрема и еве денес стигна во Пехчево.Изразуваме голема благодарност до сите противпожарни друштва од Австрија и до нашите иселеници, за оваа опрема која ќе биде од нужна потреба во наредниот период.Посакувам да нема потреба од користење на опремата, но кога има опрема се е полесно.Овие луѓе и братскиот народ од Австија секогаш ќе бидат добредојдени во Пехчево и се разбира во иднина соработката ќе продолжи како на едукативно ниво така и во обезбедување на дополнителна опрема – рече Александар Китански градоначалник на Пехчево.

Маркус Фриц претставник од противпожарното друштво од Петерсдорф истакна дека откако слушнале дека е формирано Доброволното противпожарно друштво во Пехчево, одлучиле самоиницијативно да обезбедат помош во опрема за членовите на ДПД и општината Пехчево.

-Јас сум од Австрија и еве обезбедивме противпожарна опрема за 28 луѓе која се состои од пожарникарски чизми, јакни, комбинизони и шлемови како и дополнителна опрема која е наменета за справување со пожари.Претходната година бевме тука на гаснење на страшниот пожар, па откако слушнавме дека е формирано противпожарно друшво во Пехчево, решивме да придонесеме со оваа опрема.Благодарни сме на сите од овој крај од претходната година и затоа одлучивме оваа донација лично да ја доставиме во општина Пехчево – истакна австрискиот пожарникар Маркус.

Благодарност за донираната опрема упатија и членовите на ДПД-Пехчево, кои истакнаа дека опремата е од големо значање за справувањето со шумски пожари.

-Како новофрмирано противпожарно друштво, оваа опрема од нашите пријатели од Австрија за нас ќе значи подобро справување со шумските пожари на терен, зошто таму условите како што знаете се тешки.За почеток оваа опрема ќе биде секако добредојдена, им благодариме на колегите пожарникари од Австрија за оваа донација.Како што велиме ние да не дојде ред да ја користиме, но во секој случај им благодариме – рече Марјан Митриновски член на ДПД-Пехчево.

Следниот период продолжува соработката на општина Пехчево во областа на противпожарна опрема и едукација со Австрија, каде во план се неколку членови на ДПД-Пехчево да учествуваат на едукативни обуки како и обезбедување на противпожарно возило за полесно справување со шумски пожари.

Во продолжение видео од настанот:

  Категории: