Големиот муслимански празник Курбан Бајрам, денеска ги собра верниците на првата утринска молитва.Во исламскиот центар на Ахмадија заедницата во Пехчево, се собраа верниците муслимани кои со молитвата се приближуваат кон семоќниот Аллах, славејќи го празникот кој во себе ги споил сите принципи на исламот, хуманизам, хармонија во меѓу човечките односи и стремежот за мир и благосостојба.
Курбан Бајрам е познат како празник на жртвата и по традиција на овој ден се колат овни или крупен добиток кој потоа се дава на сиромашните граѓани.
-Денес ние го славиме Курбан Бајрам поради жртвувањето што го направиja Хазрети Ибрахим а.с. , неговиот син Хазрети Исмаил а.с. и неговата жена Хазрети Хаџра а.с. Секој муслиман секоја година на овој ден го слави и споменува нивното жртвување.Тие оставија поука за нас, да секој човек ако ги следи Божјите наредби, тогаш неговиот труд и жртвување не се залудни.Исламот бара од нас како што ние денес ги жртвуваме животните, така и ние треба да ги жртвуваме поточно заколеме нашите лоши навики поради Бога.Месото и крвта не стигнуваат до Бог, тука до Бога стигнува само богобојазноста на човекот.Зато треба да имаме на ум дека ние не ги жртвуваме курбаните за себе, тука заради Бога, да се величи неговото име – рече Васим Ахмад имам на Ахмадија муслиманската заедница на Балканот.
Со овој празник се крунисува аџилакот, кој важи за петти темел на исламот, кој е доказ за солидарност и благосостојба.
Инаку секоја година Ахмадија заедницата обезбедува курбанско месо или хуманитарни пакети за сите граѓани на кои навистина им е потребна помош, без разлика дали се христијани или муслимани, а целта е секоја да ја почувствува топлината и убавината на празникот Бајрам и љубовта кон секој човек .